Дебарско Езеро збогатено со 420 килограми подмладок на крап

0

Водите на Дебарско Езеро се збогатени со 420 килограми подмладок на крап, со просечна тежина од 15 грама по единка.

Порибувањето се изврши врз основа на Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакулрурата за оваа година и по договорот за порибување на риболовното подрачје Дебарско Езеро, помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и АКВАТИКА од Неготино. Порибувањето со овој вид риба го правиме секогаш во овој период од годината, изјави Арбен Муладаути, раководител на подрачната единица на ресорното министерство.

За спортското риболовно друштво „Трофта” (пастрмка) оваа активност е добредојдена, со што многу ќе се придонесе во збогатувањето на рибниот фонд на езерото.

Дебарско Езеро е без концесионер од август минатата година. Го повторуваме бараме до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да не издава концесија за економски, туку само за спортски риболов, за што имаме целосна поддршка и од локалната власт, велат од друштвото.

Инаку, од први минатиот месец на Дебарско Езеро во сила е забрана за риболов на пастрмка, што ќе трае до 31 јануари 2023 година.