Вкупно 701 пациент се лекуваат од ковид-19 во болниците

15

Вкупно 289 лица со ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје, а во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 412 пациенти.

Вкупно 701 пациент се лекуваат на инфективните одделенија во земјава и има околу 1.000 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 412 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 45 пациенти, во Штип 51, во Тетово 10, во Велес 51, во Куманово 58, во Охрид 45, во Прилеп 32, во Гостивар 14, во Струга 15, во Струмица 41, во Кочани 14, во Кичево 8, во Кавадарци 23, во Гевгелија 5.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 26 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 289 лица со ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 10 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 5 примени пациенти а 11 билe примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Дома се пуштени 63 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 86 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести лежи 91 пациент, на Иститутот за белодробни заболувања кај децата во Козле има 5 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на ковид-19. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација нема пациенти.