Владата вакцините за Македонија ќе ги купи за 8,8 милиони долари

40

Вакцините за Ковид-19 кои ќе ги набави Владата преку Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ), односно COVAX механизмот на СЗО, ќе чинат 8,8 милиони долари, информира Гласот на Америка.

Според информациите, планирано е да се набави количина на вакцини која би покрила 20 отсто од населението, а бидејќи станува за две дози бројката би била околу 830 илјади вакцини.

Владата же склучи договор за преземени обврски со Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE) и на вчерашната владина седница прифатен е текстот на Обврзувачкиот договор за набавка на вакцините.

Владата побара од Бирото за јавни набавки да предложи начин за остварување на оваа набавка и го овласти министерот за здравство Венко Филипче да го потпише Договорот во координација со Министерството за финансии и Генералниот секретаријат на Владата, кои ќе треба да ги обезбедат потребните финансиски средства за да се изврши уплата на аванс и да се обезбеди финансиска гаранција согласно потпишаниот договор.