Власта го одби Мицкоски: Политичарите не треба да бираат обвинители со политички договор

20

Власта го одби барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, опозицијата да предложи јавен обвинител. Министерот за правда Бојан Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање рече дека актуелниот државен јавен обвинител професионално ја извршува работата и дека политичарите не треба да бираат обвинител со политички договор.

Тој рече дека тоа била стара идеја на СДСМ, промовирна пред неколку години но дека за жал опозицијата имала неконструктивен однос кон соработката во клучните процеси во изминативе години, дури во еден момент се откажаалаод таа идеја.

– Имавме прилика кога се создаваше Законот за јавно обвинителство, да најдеме заедничко решение за обвинителот за гонење на висока корупција и организиран криминал, но и тогаш не се договоривме. Нашиот принцип е политиката да биде што подалеку од изборот на обвинителите и тоа го утврдивме во Законот за јавно обвинителство. Јавниот обвинител се избира според процедура утврдена во Уставот. За да се промени таа процедура треба промена на Уставот. Сметам дека сега не е време за тоа. Имаме професионален државен јавен обвинител којшто си ја врши својата работа согласно законот. Опозицијата ќе има прилика да учествува во спроведување на атикорипциските политики доколку тоа го сака. Но политичарите не треба да бираат обвинители со политички договор – рече Маричиќ.

Тој повтори дека не верува дека е добар начин на избор на обвинител со политички договор.