ВМРО-ДПМНЕ: Владата да им ги рефундира на граѓаните потрошените средства за вакцинација

4

За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е тука исклучиво за граѓаните, затоа предлагаме Владата да ги компензира трошоците на македонските граѓани кои одат на вакцинација надвор од Македонија.

Неспособноста на Филипче и Заев резултира со тоа околу 20 илјади граѓани викендов да се ревакцинираат, а некои и вакцинираат против корона главно во Србија, некои и во Бугарија. Во меѓувреме, во Македонија три дена вакциналните пунктови беа под клуч. Се разбира дека ќе се под клуч кога има само вакцини за оние кои треба да се ревакцинираат, но нема за лица кои сакаат, ама и треба да се вакцинираат, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

– А зошто Филипче би мислел дали граѓаните се вакцинирани, кога ќе стекнат имунитет, што во пресрет на евентуалниот четврти бран, па тој си има работа. Филипче си ангажира пи-ар, си плаќа од парите на народот за да му кажат како да се изрекламира, дека треба во личната промоција да вклучи и некое дете. Срамота! За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е тука исклучиво за граѓаните, затоа предлагаме Владата да ги компензира трошоците на македонските граѓани кои одат на вакцинација надвор од Македонија – велат од партијата.

Од таму додаваат дека сите граѓани на Македонија кои плаќаат даноци тука, плаќаат здравствено осигурување тука, а имаат дополнителни трошоци за пат до вакциналните пунктови во соседните земји, трошоците да им ги рефундира Владата.