ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се претвора во европскиот Вухан

7

Македонија се претвора во европски Вухан, а за Зоран Заев граѓаните не вредат ни пет банки обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во нивното соопштение тие велат поради состојбата со коронавирусот кај нас, земјата е рекокрдер по заразени и починати на еден милиони жители.

„Македонија со Зоран Заев секој ден тоне се подлабоко и подлабоко. Последното деноноќие има огромни 205 нови заразени и 6 починати лица од коронавирусот. Не е ни чудо што Италија, една од најпогодените земји во Европа од епидемијата, забранила влез на лица од Македонија. Но, што да очекуваме кога државата ја води човек како Заев кој заедно со сите соработници е пријавен за криминал со докази за нивните злодела. Човек кој вели дека граѓаните не вредат ни пет банки. Него го интересираат само сопствените милиони. Го интересира единствено организирано да функционираат криминалните и корупциските шеми“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, земјата тоне и во економијата, образованието и здравството, а тие велат дека нудат решенија и го повикуваат народот на 15 јули да излезат на гласање.