ВМРО-ДПМНЕ: Нoв закон за ЈО за амнестија на Заев, Јанева и Боки 13

6

Главната цел на инсистирањето на СДСМ да се донесе новиот закон за јавно обвинителство е амнестијата на криминалот. Заев сака да не важат како докази снимките за рекетот и криминалите во кои се инволвирани тој и неговите соработници. Без да ја почитува волјата на граѓаните, со измами, криминал и корупција Зоран Заев го започна својот мандат. На ист начин, шверцерски и криминално, три години подоцна го завршува мандатот баш како што го започна и практикуваше, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Насилното туркање на законот за обвинителство е уште една потврда дека во Република Македонија владее хибриден режим.

Криминалната банда на чело со аболицираниот Заев сака на шверцерски начин да го изгласа законот за Јавно обвинителство, а крајната цел на ваквото законско решение е да се спасат од одговорност за сите криминални афери изминативе 3 години.

Амнестијата на криминално рекетарската банда за СДСМ е поважна од забелешките на правните експерти кои жестоко го критикуваа законското решение на Заев.

Она што го нуди Заев со законот за јавно обвинителство е доживотен мандат за Вилма Русковска и Љубомир Јовевски кои ќе можат да се сменат само со 2/3 мнозинство во Советот на јавни обвинители. На овој начин Заев се осигурува дека делата против него никогаш нема да бидат преточени во обвиненија, а Русковска и Јовевски ќе продолжат со селективната правда и ќе ги извршуваат неговите наредби.

Ова е причината поради која СДСМ е подготвено по секоја цена дури и на шверцерски начин, кршејќи го собранискиот Деловник, Уставот и законите да го протурка новиот закон за обвинителство.

Ниту еден закон нема да ја спаси власта од одговорност. Ќе одговараат сите оние кои се огрешиле пред законот како и оние кои што изминатите три години наместо да го гонат го штитеа криминалот и корупцијата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.