ВМРО-ДПМНЕ: Платите на министрите се трипати повисоки од просечните

8

Додека половина милион граѓани живеат со 2 евра на ден, видовме дека Заев и неговите министри земаат по три просечни нето-плати месечно, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ откако Владата објави список со платите на премиерот, вицепремиерите и министрите за декември.

„Ги видовме платите на министрите, сега да видиме до каде се постапките за криминалите на тие министри заглавени во државните лавиринти. Да се разјасни до каде е аферата ‘Leonardo will win’ на Рашкоски, каде се парите на рекетот кои завршија според сведочењето на осудениот Јовановски кај Зоран и Вице Заев, аферата ‘Дака и панамските пари за 2000 стана во Тетово’, аферата ‘Иловица и бугарските врски на Заев’ и редица други криминали“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата повикаа јавно да бидат објавени и членовите на управни и надзорни одбори кои, како што велат, земаат илјадници денари паушали на грбот на народот.