ВМРО-ДПМНЕ: ЈО молчи за рекетот од 240.000 евра на Ковачевски во РЕК Битола

„Власта со денови молчи, а ЈО не презема ништо за рекетот од 240.000 евра кој го правел Васко Ковачевски во РЕК Битола.

84

Ковачевски е директен извршител на Заеви. Откако фирмата која не му платила рекет ја избркал, склучил договор во четири очи со фирмата СВ Инвест, блиска до Вице Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Заеви ја претворија државата во мафијашки систем. Нема фирма што учествува на некој тендер, а да не и е побарано рекет. Ова мора да запре.

„Рекетирањето на фирми за истите да можат да добијат работа во институција или претпријатие на државата мора да се искорени од темел. Ниту едно криминално дејствие не смее да остане неказнето. Доколку ЈО не покрене случај, тој ќе биде отворен, веднаш по воспоставувањето на правдата во Република Македонија. Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата“, се додава во соопштението.