Во Амстердам и Ротердам маската е задолжителна на фреквентните локации

10

Холандските градови Амстердам и Ротердам воведоа обврска за носење на заштитни маски на најпосетуваните локации, како што е улицата на „црвените фенери“, за да се ограничи ширењето на вирусот.

Во средата, владиниот тим надлежен за водење на пандемијата оцени дека не е задолжително да се носат маски низ целата земја и одлуката им ја препушти на регионалните власти.

Заедно со скандинавските земји, Холандија е една од последните европски земји што продолжи да се спротивставува на обврската за задолжително носење на маски.

Сепак, санитарните власти на Амстердам, утврдија дека маските ќе бидат задолжителни од 5 август на најпосетуваните места.

Во пристанишниот град Ротердам маските ќе бидат задолжителни и во трговските области од 5 август.

Премиерот Марк Руте неодамна ги повика Холанѓаните да го почитуваат мерките за физичка дистанца.

Според најновите податоци на властите во земјата, регистрирани се 53.000 случаи на заразени со ковид-19 и 6.145 смртни случаи.