Со шатори во центарот на Софија против Борисов

73

Демонстрантите поставија шатори на големиот крстопат и пред зградата на Владата, ветувајќи дека ќе го задржат блокиран центарот на бугарскиот главен град сè додека владата на премиерот Бојко Борисов не даде оставка.

Неколку илјади претежно млади Бугари митингуваат секој ден во Софија од почетокот на јули, обвинувајќи го премиерот Борисов за неуспех во борбата против ендемичната корупција што го еродира владеењето на законот во корист на моќните локални тајкуни. Демонстрации се одвиваат и во поголемите градови.

Кој е „Шиши“ за кого велат дека ја контролира бугарската влада?

61-годишниот Борисов, кој доминира во политичкиот живот на Бугарија во изминатата деценија, изјави дека ќе остане на функцијата до следниот март кога треба да се одржат редовните избори. Борисов ги разреши клучните министри за да покаже дека неговиот кабинет не работи под влијание на приватните интереси, но реконструкцијата не успеа да го намали длабоко вкоренетиот гнев на јавноста со широко распространета корупција во најсиромашната земја на Европската унија.