Во Брисел состанок на амбасадорите на ЕУ за новиот вид коронавирус

9

Амбасадорите на земјите од Европската унија денеска во Брисел ќе одржат состанок за ново ограничување на движењето заради појавата на нов вид коронавирус во Британија. Неколку земји на ЕУ – Австрија, Белгија, Франција, Германија, Ирска, Италија и Холандија најавија дека ќе го прекинат воздушниот сообраќај, а некои од нив и железничките и поморските врски со Британија.