Во Буркина Фасо пронајдени телата на 28 убиени мажи

4

 

Телата на 28 мажи убиени со огнено оружје се пронајдени во северозападниот дел на Буркина Фасо, соопшти денеска обвинителството на земјата.

Покрената е истрага откако телата беа пронајдени на 30. и 31 декември.

Не се соопштуваат детали за можниот сторител или мотивите на нападот.

Буркина Фасо, земја во западна Африка, веќе една деценија е соочена со бунт на џихадистите кој се прошири од Мали.

Илјадници луѓе беа убиени, а милиони беа протерани од своите домови.