Во Вухан има само еден нов случај на инфекција со коронавирус

15

Вухан, град во Кина каде започна пандемијата на на новиот коронавирус, денеска забележа само еден нов случај, а официјалните лица изјавија дека веруваат оти Кина го надминала најлошиот дел од кризата. Во Кина денеска биле пријавени уште 20 нови случаи, вклучително и девет во Пекинг. Сите тие се меѓу луѓето кои доаѓаат од странство. Кина бара сите што доаѓаат од странство да останат во карантин 14 дена, но не ги затвори границите. Универзитетите ширум светот се затворени, а илјадници Кинези кои студираат во странство сакаат да се вратат дома.

Американски сенатори: Кина шири дезинформации за коронавирусот

Бидејќи инфекцијата продолжува да расте во странство, Кина испрати лична заштитна опрема и медицински експерти во Италија, Иран и други земји кои се борат со оваа болест.