Во Кривичен завршни зборови на одбраната за „Монструм“, засилено полициско присуство пред Судот

67

Засилено полициско присуство во моментов може да се забележи пред Кривичниот суд во Скопје кадешто со почеток во 10:00 часот одбраната во случајот „Монструм“ треба да ги кажe своите завршни зборови.

На претходното судско рочиште свои завршни зборови имаше обвинителството кое побара доживотен затвор за Алил Демир, Агим и Африм Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири, во врска со петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012.

За обвинетиот Сами Љута обвинението е повлечено поради недостаток на докази.

Полицијата го обезбедува поширокото подрачје околу зградата на Судот во случај на евентуални протести.

Минатата недела пред ОЈО во Скопје се одржа протест во кој, демонстрантите побараа да се разреши обвинителката Фетаи и меѓународната заедница да интервенира за да има правда во случајот „Монструм“, каде според нив, се гонат невини луѓе.