Во општина Лозово нема струја од 20 часот- гласање и броење на свеќи и агрегат

31

И покрај дефектот со снемување струја, гласањето не е прекинато, бидејќи продолжило со тоа што избирачите гласале на свеќи, а во иста атмосфера работеле и избирачкиот одбор кој ги брои гласовите на ист начин.

Само во најголемото гласачко место во селото Лозово бил донесен агрегат поради што таму имало струја.

Општина Лозово има најмалку гласачи во целата држава. Вкупно 1997 избирачи има на списокот, а до 20:30 часот гласале 1338 избирачи односно 67%.