Во село во Канада измерени 50 степени

15

Во неделата , малото планинско место Литон во Канадската провинција Британска Колумбија го сруши температурниот рекорд на Канада и стана едно од најтоплите места на светот со измерени 46,6 Целзиусови степени.

Со тоа, ова село кое има околу 200 жители и се наоѓа на 250 километри северно од Ванкувер, го сруши 84 годишниот Канадски рекорд достигнувајќи 47,9 степени , што е повисока температура измерена било кога во Лас Вегас на пример, две илјади колиметри јужно на сред на пустината Мојава.

Но во вторникот, во Литон се случил да биде срушен и третиот рекорд со 49,6 степени целзиусови. Ова мало канадско село се наоѓа на 50 степени северна географска ширина речиси на иста линија со Лондон.

„Овој дел на светот никогаш не би требало да е вака жежок“ , пишува метереологот и новинар за климата Ерик Холтхаус за весникот Гардијан.