Во Словенија повторно над 1.600 нови коронаинфекции, стапката на позитивни и натаму висока

31

Во Словенија во последните 24 часа потврдени се 1.656 нови случаи на зараза со коронавирусот, малку помалку од ден претходно, но процентто на новозаразените и натаму е многу висок и изнесува близу 25 отсто, објави во петокот словенечкото министерство за здравство.

Продолжува и растот на бројот на хоспитализираните и бројот на смртните случаи, поради што владата во четвртокот донесе одлука за приврмено „затворање“ коешто ќе трае најмалку една седмица. Бројот на дневните зарази е помал од ден претходни кога имаше рекордни 1.663 случаи, но процентот на позитивни тестови повторно е многу високт и изнесува 24,6 отсто.

Со заразите во последните 24 часа бројот на потврдените инфекции од почетокот на епидемијата зголемен е на 19.307 од кои во моментов има 11.434 активни случаи, во болниците од Covid-19 се лекуваат 394 лица, од кои 67 се на одделите за интензивна нега, објави министерството за здравство. Зголемен и и бројот на полинатите во однос на вчерашните 210, па денеска ги има 214 смртни исходи.

Инциденцата на заразеноста изнесува 546, што значи дека имало толку новозаразени на 100.000 жители во последните 14 денови.

Поради загрижувачкиот раст на број словенечката влада минатата седмица прво повторно прогласи делумен „локдаун“ во епидемиолошките ткн „црвени региони“, а во четвртокот рестрикциите уште повеќе ги заостри, па следната седмица ќе биде запрен најголемиот дел од јавниот живот, но и дел од стопанските активности во целата држава, за да се направи обид да се спречи експлозивниот раст на ширењето на вирусот.

Премиерот Јанез Јанша од четвртокот дека владата донела одлука според којашто на најмалку една седмица ќе бидат затворени сите угостителки локали, хотели и трговски центри, со исклучок на оние кои нудат неопходни прехранбени производи, градежни и технички материјал. Се затвораат и ученичките и студентските домово и најголемиот дел од детските градинки, а јавниот сообраќај ќе работи со третина од капацитетите. Затворањето важи и за повеќето спортски активности, освен за регистрираните спортисти, како и за козметичките и фирзерските салони.

Повеќето од новите рестриктивни мерки стапуваат на сила во петокот. И натаму важи забраната за напуштање на подрачјата на матичниот региони, а во краен случај владата ја има и можноста од забрана на движење надвор од матичните општини, доколку сегашните рестрикции не би дале резултат. Владата за тоа ќе одлучува следниот четврток или петок, кога, зависно од ситуацијата, ќе може да бидат ги заостри или ублажи мерките и ќе одлучи дали треба да ги продолжи за уште една седмица.