Во тек е масовна имунизација против Ковид-19

14

Во тек е масовна имунизација против Ковид-19, бројките на новозаразени и хоспитализирани се намалуваат, што дава надеж за скорешно завршување на епидемијата. Покрај 200 илјади кинески вакцини, во земјава пристигнаа и првите количини од ветените 120 илјади дози од ЕУ што вчера ги доставија еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и австриската министерка за Европа Каролине Едштадлер.

Премиерот Зоран Заев смета дека зад нас e периодот кога тешко се стигнуваше до вакцините и оти влегуваме во широка имунизација,

– Зад нас останува периодот кога тешко се стигнуваше до вакцините и сите показатели и динамиката на пристигање на вакцините во претстојнииот период најавуваат дека во тој поглед имаме сериозни промени на подобро. Сепак и во такви услови солидарноста на ЕУ за нејзините земји членки, како и за земјите кандидати за членство во Унијата не изостана, изјави Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји по повод пристигнувањето на првите вакцини против Ковид-19, споделени и финансирани од ЕУ.

Станува збор за првите количини од одобрените вкупно 119.213 дози Фајзер кои ЕУ ги обезбедува како помош за С Македонија преку трилатералните договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“.

– Преку оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан што ја координира Австрија пристигна првата испорака од 4.850 дози од вкупно 19.890 што се предвидени да бидат испорачани во месец мај. Дополнително добивме и 4.850 дози набавени врз основа на директен договор склучен со овој производител со Фајзер. Со редовните месечни количини вкупните 119.213 фајзер вакцини од оваа програма ќе бидат целосно испорачани до крајот на август. Со овие вакцини заедно со целата останата количина што веќе ја имаме во нашата земја, како и со сите останати договорени да пристигнат во нашата земја во наредниот период, па се до крајот на годината влегуваме почнувајќи од денеска во широка и обемна имунизација на севкупното население во земјата, рече Заев.

Тој очекува вкацинирањето да тече без престан, бидејќи обезбедени се ефикасни и безбедни вакцини и аперлираше до сите граѓани да се пријават на вакцинација.мк. за да добиете термин за вакцинирање.

– На овој начин со заинтересираност на населението се обезбедени вакцини и со добро организиран систем на вакцинацијата очекуваме да се промени целокупната слика на епидемијата во позитивна смисла и полека да влеземе во постигнување на колективен имунитет. Се разбира овие охрабрувачки процеси не треба да влијаат, да попушти вниманието и претпазливоста. Паралелено со масовната вакцинација да продолжиме со примена на мерките за лична заштита се додека епидемиолозите и ИЈЗ не донесат други препораки, посочи Заев.