Во ТЦ „Глобал“, изгореа најмалку 10 продавници и затворениот пазар, се проценува голема материјална штета

23

Според првичните проценки, по пожарот што доцна синоќа и во текот на раните утрински часови беснееше во стговскиот центар „Глобал“ во Струмица изгорени се повеќе од 10 продавници, внатрешниот дел каде е сместен пазарот и тезгите, супермаркет во внатрешноста, а пламените јазици зафатиле и делови до третиот кат од трговскиот центар.

Местото и натаму го обезбедува полицијата а присутна е и екипа на ТППЕ Струмица, која внимава да не дојде до нов пожар и интервенира на местата каде се појавуваат пламени јазици.

Се проценува голема материјална штета, но нема повредени.

Причините за пожарот сѐ уште не се знаат.