Вучиќ: Богатите се обидоа чамци за спасување(вакцини) да обезбедат само за себе, ние Титаник

26

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави видео со кое сака да долови како се бори да обезбеди вакцина за граѓаните на Србија и покрај проблемите со испораките на вакцините.

Тој порача дека Србија утрово набавила уште 10.000 дози вакцини.
https://www.facebook.com/watch/?v=440355110708178

-Од рани зори борба за вакцини, за секоја вакцина, за секој граѓанин на нашата Србија. Многу состаноци, многу тешки разговори. Светот денес е како Титаник, богатите се обидоа чамци за спасување да обезбедат само за себе. Богатите и големите. А нас да не остават без ништо, да потонеме заедно со Титаник. Ние сме жилав народ, ќе се бориме за свој опстанок. Ќе се бориме за животот на Србија и за свој опстанок. Затоа сакам да ве известам дека утрово добивме, во наш посед е, овде во Белград, уште 10.000 нови вакцини. И ќе успееме и ќе победиме заедно. Да живее Србија, рече Вучиќ