Вaрхеји до опозицијата во Македонија: Докажете дека сте посветени на европската иднина! Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на денешната прес-конференција во Брисел по завршувањето на правата Меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ ја повика опозицијата да докаже дека е посветена на европскиот пат на земјата. „Уставните промени јасно е дека мора да се случат и се надевам дека сите актери, сите политички партии ќе работат на европската агенда и нема да почнат со контроверзи и нема да ги загреваат емоциите. Емоции кои нема да ја носат земјата напред. Емоции кои нема да решат ништо значајно за земјата и затоа ја повикувам опозицијата, иако видовме дека политичка пристојност, европски вредности беа заобиколени во дебатата. Но, се надевам со оваа одлука денеска ќе ја свртиме страницата и ќе го направиме она што е потребно за Северна Македонија брзо да стане членка на ЕУ“, изјави Вархеји. Тој, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека кога зборувал со сите политички партии вклучително и опозицијата велеле дека се посветени на европската иднина. „Па докажете го тоа!“, ја повика Вархеји опозицијата. Претходно Вархеји рече дека овој ден не е важем само за Македонија туку и за ЕУ. Според него, ова е крај на еден долг процес и најави дека „не подоцна од попладне“ почнува скрининг како почеток на преговарачкиот процес. Истовремено упати пофалби дека прашањето за францускиот предлог било разгледувано во Парламентот што го смета за најдемократски пат. А, Европа, вели, се согласила со парламентарците во македонското Собрание.

6

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на денешната прес-конференција во Брисел по завршувањето на правата Меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ ја повика опозицијата да докаже дека е посветена на европскиот пат на земјата.

„Уставните промени јасно е дека мора да се случат и се надевам дека сите актери, сите политички партии ќе работат на европската агенда и нема да почнат со контроверзи и нема да ги загреваат емоциите. Емоции кои нема да ја носат земјата напред. Емоции кои нема да решат ништо значајно за земјата и затоа ја повикувам опозицијата, иако видовме дека политичка пристојност, европски вредности беа заобиколени во дебатата. Но, се надевам со оваа одлука денеска ќе ја свртиме страницата и ќе го направиме она што е потребно за Северна Македонија брзо да стане членка на ЕУ“, изјави Вархеји.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека кога зборувал со сите политички партии вклучително и опозицијата велеле дека се посветени на европската иднина.

„Па докажете го тоа!“, ја повика Вархеји опозицијата.

Претходно Вархеји рече дека овој ден не е важем само за Македонија туку и за ЕУ. Според него, ова е крај на еден долг процес и најави дека „не подоцна од попладне“ почнува скрининг како почеток на преговарачкиот процес. Истовремено упати пофалби дека прашањето за францускиот предлог било разгледувано во Парламентот што го смета за најдемократски пат. А, Европа, вели, се согласила со парламентарците во македонското Собрание.