Жозеп Борел на меѓувладината конференција: Направивме голем пробив !

1

Република Северна Македонија е целосно подготвена за отпочнување на процесот на пристапни преговори со Европската унија како и институциите за процесот на скрининг кој почнува од денеска. Горд сум што на мојот мајчин Македонски јазик ќе се водат преговорите за време на целиот пристапен процес и што на Македонски јазик ќе биде потпишан Договорот за полноправно членство а македонскиот јазик ќе биде еднаков со останатите 24 официјални јазици на Европската Унија, рече во својата изјава на меѓувладината конференција РСМ – ЕУ во Брисел, премиерот Димитар Ковачевски.

,,После 17 години чекање, после 17 години носење на тешки, важни, патриотски одлуки Република Северна Македонија денес ги започнува преговорите за полноправно членство во ЕУ. Во овој голем ден вградена е работата, трудот на сите граѓани на државата без разлика на нивната етничка, верска или било каква друга припадност. Вграден е трудот и работата на голем број лидери на државата од нејзиното осамостојување, од првиот претседател Киро Глигоров, премиерот Кљусев, преку претседателот Борис Трајковски, Црвенковски и другите премиери, министри на државата. Сите вработени во институциите кои работеа на подготовки на Република Северна Македонија за отпочнување на преговорите, изјави премиерот Ковачевски како дел од воведната изјава на меѓувладината конференција во Брисел.

„Ова е резултат и на големата одлука што граѓаните преку своите пратеници во Собранието ја донесоа во изминатите денови каде што многу јасно кажавме дека ние сме држава која што е Европа во мало и која што цивилизациски, историски и на секој друг начин припаѓа во ЕУ, рече премиерот Ковачевски.