ГАСНИ КОМОРИ И ПРСТОТ НА БРАНКО

1,145

Пред некој ден еден пријател ми вика, а бе како може еден албанец во сред Цирих да вее швајцарско знаме а во Македонија не сака да го вее македонското. Јас му велам, а бе ти дај му држава како Швајцарија па тој ако треба и ке го залепи знамето на чело а не само да го вее. Тој не го вее знамето на швајцарецот како нација, туку на државата  што го храни, штити, вработува, дава воља за живот. А ти што му даваш? Да извините – Ташак!

Од Агим ЈОНУЗ

Станав досаден ама не можам да побегнам од едно размислување. Ако ниту на македонците Македонија ‘‘ нема каде да им бега‘‘, ниту на албанците некој може да им ја однесе Западна Македонија не пазар да ја продаде, тогаш каква држава градиме? Во кој правец се движиме? Дали воопшто градиме држава или си играме ‘‘Бит Пазар‘‘ од ова општество во кое живееме. И сето тоа маскирано во една огромна лага која вика ‘‘ еве само што не сме влегле во Европа‘‘.

О ‘‘џемаат‘‘ ( народе), заборавете на Европа наредните минимум пет до десет години. Политичарите нашле полуписмено село без кучиња па си играат со реченицата ‘‘ да добиеме датум за старт на преговори‘‘. Што ви кажува тоа. Па, кажува дека ние не сме ниту на почеток туку треба да ни кажат кога воопшто ке почнеме да преговараме. А тоа ке трае толку долго, што во меѓувреме ние внатре во државата може да си ја скршиме главата еден на друг за интерес на фотељите кои значат добар бизнис. Да! Бизнис!Се е бизнис, позиција, бенефиција, и калкулирање со чувствата на обичниот народ. Профит! Оваков или онаков!

Македонија има политичка сцена на која од прв до последен продаваат класична Социјал-демократија. Се друго се бош муабети. Теренот го бара тоа. Приказните за големи каузи се минливи. Не можеш ти вечно да имаш кауза. Идеологијата во Макеонија не постои. Ако постоеше, ке имавме различни програми од политичките партии кои велат дека носат некаква идеологија. Се е класична – Социјалдемократија! ‘‘Жими мајка‘‘!

Сите во Македонија во моментот имаат само една кауза. Заедничка. Тоа е како да се изгради и да функционира една држава по европски модел и да биде конкурентна за да се живее убаво во неа. Тоа во овој момент е само декларативно. И албанските и македонските партии се декларативно за Европа и европски модел ама не сакаат да направат никакви одстапки. Какви одстапки треба да направат?

Како прво, не можеш ти да имаш едно-национална партија а да мислиш за цела држава. Па бил ти Албанец, Македонец или Марсовец. Албанската страна сеуште држи во заложништво атмосфера на ‘‘ ако не размислуваш како нас, ти си предавник‘‘! Кај македонците е дам- бетер. И едните и другите се во амбиент на ‘‘ние сме во коалиција со другата страна, ама тоа е затоа што така мора‘‘. Што мора бе! Мора на светов само да се умре, а ако сакаш да градиш европска политика, мораш да разбереш дека во таков модел, нај последно е како се викаш.

Албанската страна сеуште не може да го заборави високо кренатиот прст на Бранко во спортската сала по настаните во Гостивар, од каде што по цел свет на SNN се вртеше снимка како завалијата слаткарот Сефо од слаткарницата Рекорд го згазија специјалци како да е најголем терорист. Јас лично го познавав Сефо, тој ниту на мравка не би згазил.

‘‘ Гасните комори за Шиптарите‘‘ сеуште носат мирис во воздухот, ама се помалку. Екстремизмот не води никаде, тоа го разбраа и најголемите ВМРО-вци. А, да не го спомнуваме податокот дека Зијадин Села вечерта по настаните на 27 Април беше прогласен за мртов, ама ете нафаката му била да седне на маса пак со Мицковски. Сево ова се елементи кои не се забораваат, ама треба да се биде трезвен и да се биде искрен дека за секоја работа се потребни – двојца. Албанската страна заборава дека не е мала бројката на сопствените екстремистички настапи, на војната, недолжните резервисти на ‘‘ Карпалак‘‘ и други работи.

Но! Сето тоа е историја врзана за реално- каузални национални нешта. Сето тоа е историја од која треба да се извлече поука, а не да се носи како мотив за повторување до бескрај во кој никој не е победник. Иднината бара помирување, пружена рака, но не и заборавање. Сите нешта што се случени треба да бидат само школо. Лошо, скапо платено. Што понатаму!?

Македонија е мала држава и мора да има заедничка борба ако сакаме да бидеме ‘‘Европа‘‘. Таа заедничка борба треба да елиминира една голема бројка на националисти, екстремисти, шовенисти и луѓе чива единствена платформа на функционирање се тие антагонизми кои се историја. Ако беше така, тогаш Германија треба цел свет да ја игнорира и изолира после втората светска војна.

На Македонија под нај итно и е потребна една нова партија во која не постои национален или етнички предзнак. Мешана партија базирана апсолутно по критериум на мозок, знаење, способност и ‘‘добар ниет‘‘ по прашање на државата. Во иднина, тоа треба да биде единствениот политички р‘бет на државата. Се останато за триесет години кажа што кажа и не донесе до овдека. Политичките партии во Македонија се декларативно отворени за секого без оглед на етничка припадност. Но! Тоа е само приказна за мали деца. Првите по сериозни обиди ги направи СДСМ, но никој не прашува какви се искуствата. Најголемиот дел се ‘‘пишман – аџии‘‘, кои разбрале дека се само ‘‘статистика‘‘ и форма, а не суштинска фактографија. Албанците во СДСМ се ‘‘момци за попуњавање квоте пријатељу‘‘.

Дали ВМРО дефинитивно ке се отвори за Албанци? И верувам, и не верувам. Верувам затоа што сепак иднината на ВМРО е во демократизацијата, отварањето и модерното функционирање. Но, за тоа ке треба албанци кои знаат што прават и каде влегуваат. Затоа што единствено во ВМРО од македонските партии сеуште постојат екстремистички криља од кои може се да се очекува. За среќа, времето не работи за екстремистите, туку за современите политичари. Во ВМРО има такви.  Јас лично верувам во отварањето на ВМРО во блиска иднина и во еден нов пристап во практикувањето на политиката. А, ако ме прашате зошто ‘‘ не верувам‘‘, тоа е затоа што искуството вели дека и албанската и македонската страна своите екстреми не ги елиминираат туку само им ‘‘затвараат уста‘‘ за не дај боже ако некогаш повторно затребаат. Кажано со фудбалски јазик ‘‘ нека седат на клупа за секој случај‘‘!

Албанската страна е приказна за себе. Ако во македонскиот политички кампус има голема бројка на ‘‘ македонци по професија‘‘, на албанската страна реално има барем две третини албанци по професија, струка и магистратура. Таман работа да влезе некој Македонец да му го земе лебот. Албанската страна е херметички затворена. Попрво Албанец ке влезе и ке се адаптира во македонски кампус отколку македонецот кај албанците.

Кај албанците чувството на самокритика е забрането со декрет !

Пред некој ден еден пријател ми вика, а бе како може еден албанец во сред Цирих да вее швајцарско знаме а во Македонија не сака да го вее македонското. Јас му велам, а бе ти дај му држава како Швајцарија па тој ако треба и ке го залепи знамето на чело а не само да го вее. Тој не го вее знамето на швајцарецот како нација, туку на државата  што го храни, штити, вработува, дава воља за живот. А ти што му даваш? Да извините – Ташак!

Македонија ништо не ја спречува да биде исто така како Швајцарија. Само и фалат ситни нешта. А тоа е еден лидер ‘‘ со влакна во носот‘‘, еден подолг стап да маваш, една железна рака да водиш и барем пола од сите на јавната сцена да ги дигнеш на клоци. Доста е вежбање држава. Време е за реална држава. Оваа каква што е, е најблаго речено – ‘‘чурук‘‘!

‘‘БОНИ ГАЈРЕТ ЏЕМААТ‘‘..( стори гајрет народе),.. не е се изгубено!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)