ГЕРМАНИЈА ГИ ОТВОРИ ГРАНИЦИТЕ: Квалификувани работници кои не се од ЕУ земји во предност

24

Официјално стапи на сила новиот германски закон за доселување на квалификуван кадар.

Германските претставници се оптимисти дека законот насочен на вработување квалификуван кадар од странство ќе биде ефикасен во решавање на дефицитот на германскиот пазар на труд.

-Способноста за прилагодување и силна мотивација меѓу имигрантите се поважни од формалните квалификации-изјавил германскиот експерт Томас Либих за германски медиуми.

Тој предвидел дека технолошкиот пресврт ќе влијае на германскиот пазар на труд посилно отколку на било кој друг.

Пред новиот закон, само дипломираните студенти од земјите надвор од ЕУ можеа да дојдат во Германија да бараат работа, а претходно да немаа понуда за вработување.

Од сега квалификуваните луѓе ќе бидат примени под услов да зборуваат германски и да се способни да заработат за живот во Германија.

Укината е одредбата компаниите пред да ги ангажираат да мора да докажат дека нема германски кандидати за работа. Покрај тоа забрзано е и издавањето виза.

-Клучно е што законот ќе се применува без многу администрација, како и тоа што на некој начин од помош за средно големите фирми-соопштило германското здружение за квалификувани работници .

-Веќе забележуваме нагло растење за пријави-за вработување во Германија, додало здружението.

Еден од регионите што традиционално се насочени од германските работодавци е Западен Балкан – работниците од регионот уживаат добар углед во Германија:

„Во минатото добивме многу барања од Западен Балкан, кој е еден од регионите што е многу важен за нас, затоа што таму наоѓаме многу добра, квалификувана професионална работна сила, а од друга страна, има многу луѓе кои знаат германски, а тоа е од огромна помош во деловната интеграција“, изјави неодамна Торстен Ролфсмаер од Федералното биро за вработување.