Годишна изложба на ликовното студио „Арс Вивенди“

20

Годишна изложба  на членовите  на Ликовното студио „Арс Вивенди“ ќе биде отворена вечер во 19 часот во галерија „КО-РА“ – нов  салон во Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.

На изложбата ќе бидат изложени дела во различна тематика, и во повеќе техники, настанати под менторство на познатиот и наградуван  уметник и педагог Тони Шулајковски.