Голема полициска акција во Загреб, уапсен генералниот директор на ХРТ

6

Во голема акција на хрватската полиција во Загреб уапсени се повеќе лица, тие се осомничени за дела од областа на економскиот криминал, пренесува Вечерњи лист.

Според неофицијалните информации од „Вечерњи“ , меѓу уапсените е и Казимир Бачиќ, генералниот директор на ХРТ.

Според неофицијални информации, Бачиќ бил уапсен под сомнение за корупција, односно „договор што го склучил со фабриката за сијалици во име на ХРТ“.

Порталот Индекс пренесува дека во станот на директорот на ХРТ Бачиќ во тек е претрес од страна на полицијата.

„Вечерњи лист“ наведува дека во текот на денот, сите уапсени веројатно ќе бидат однесени на УСКОК на сослушување и дека веројатно станува збор за акција што траела долго време.

Извор. РТС. рс.