Градоначалникот на Демир Хисар е позитивен на коронавирусот

50

Градоначалникот на општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски преку Фејсбук соопшти дека е позитивен на коронавирусот.

„И, покрај сите препорачани мерки од надлежните здравствени институции за заштита и превенција од корона вирусот, каде доследно ги почитував и во целост ги применував, после денешниот тест за ковид 19, сум позитивен.

Од вечерва ќе бидам во изолација и сите службени обврски и работни активности ќе ги извршувам од домашни услови.

Да бидеме одговорни, дисциплинирани и совесни, бидејќи само на тој начин ќе ја совладаме пандемијата.“, напиша Стојановски на Фејсбук.