„Гранде“ Пандев ќе потпише нов договор со Џенова

4

Веќе неколку пати се најавува во италијанските медиуми дека поранешниот македонски репрезентативец ќе ја продолжи соработката со Џенова, но и натаму нема потврда од клубот.

Горан Пандев кој на Европското првенство ја заврши репрезентативната карира, летово размислува дали ќе потпише нов договор со Џенова или пак ќе стави крај на фудбалската професионална кариера.

Тренерот Давиде Балардини не сака да се откаже така лесно од 37-годишниот напаѓач кој и лани имаше значаен придонес со своите голови за опстанокот на тимот во Серија А.

Како што пренесува еден од најпознатите медиуми во Италија, „Гаѕета дело Спорт“, Пандев ќе го прифати договорот на една година од Џенова.

Нашиот фудбалер минатата сезона во најсилното италијанско првенство имаше учинок од седум голови во 29 настапи.

Од натпреварувачката сезона 2015/2016 од кога настапува за клубот, Пандев е редовен учесник во една од најсилните европски лиги.