(ГРАФИКА) Кога топката ќе застане, а парите ќе продолжат да се тркалаат

10

Ноќта помеѓу 18ти и 19ти Април фудбалските фанови ширум светот ги разбесни соопштение со кое се најавува формирање на Суперлига, со план да се игра одвоено од УЕФА натпреварите, а во кое загарантиррано место ќе имаат само богатите.

Во соопштението на Реал Мадрид објавено веднаш по оваа вест, се вели дека основањето на новата лига доаѓа во време кога глобалната пандемија ја забрзува нестабилноста на сегашниот економски модел во европскиот фудбал.

За овој тип на затворено натпреварување се шпекулира веќе некое време. Пред речиси 3 години, група истражувачи ја открија оваа идеја како главен дел од аферата Фудбал Ликс. Иако тогашната објава не предизвика голема загриженост, сепак априлското официјално соопштение предизвика глобален револт кај обединетите навивачи кои сакаат да го зачуваат највредното нешто во фудбалот – натпреварувањето во колку – толку фер услови.

Алчните челници на најголемите клубови брзо го прифатија гласот на навивачите и се откажаа барем засега од присвојувањето на фудбалот. Сепак, ваквиот план е добар показател за насоката на развој на фудбалот во иднина, бидејќи новиот револт кај навивачите е предизвикан од сепоприсутната идеја на ФИФА – Светското Првенство да се одржува на секои 2 години

Душата и суштината на спортот се изгубени

Новинарот на Спорт Клуб, Саша Озмо, ваквите визии ги гледа како нешто што нема да ми биде добро за фудбалот на долг рок.

-Колку и да звучи како фраза сепак со ваквата одлука се губи душата на спортот. Никој преку ноќ нема да престане да гледа фудбал доколку СП се оддржува на секои две години или доколку се основа Суперлигата, но интересот полека ќе се намалува и мислам дека тоа ќе го видиме и во другите спортови. Мислам дека формирањето на Суперлигата или СП на секои две години би бил почетокот на крајот, кој може да дојде за 30 или 50 години. СП на 4 години е одличен формат и така треба да остане, вели Озмо.

На прашањето дали развојот на фудбалот оди во насока на растечкиот јаз меѓу богатите и сиромашните, Озмо за “Vijesti.me” вели дека и во сегашните околности се е подредено на тоа да најбогатите клунови успеваат повеќе и земаат повеќе трофеи.

-Но, барем има шанса на хартија и на овој начин не можете да се квалификувате за таа Суперлига и да се натпреварувате – а оваа лига и прави уште поголем јаз меѓу богатите и сиромашните. И навистина не знам кој би го гледал сето тоа. На пример, наптревар меѓу Реал Марид и Манчестер Јунајтед е одличен, но коа го играат секоја сезона по 3-4 пати здосадува, вели Озмо.

Поранешниот фудбалер на Будуќност, а сега фудбалски менаџер, Дејан Пековиќ за формирање на Суперлигата вели дека е неизбежен чекор и смета дека оваа тема ќе биде се повеќе присутна во наредни години.

-Ниеден спорт, бизнис или работа не ја искористи светската глобализација како што тоа го направи фудбалот. Се поголем број ектра богати поединци и корпорации ја препознаваат моќта на фудбалот и го гледаат преминот на своите бизниси и влијанието врз целосните односи на државите кои преку фудбалот ги штитат своите интереси, но и ги промовираат, вели тој за “Vijesti.me”.

Фудбалот ќе закрепне по пандемијата

Во време на пандемија сите ги собираат загубите. Од моментот кога кошаркарот Јута Руди Гобер беше позитивен на коронавирус малкумина веруваа дека како домино ефект сите натпревари ќе бидат откажани. Некои од нив се вратија брзо на сценаа, но со празни дворови и трибини, виртуелна публика и вештачки произвидена атмосфера која повеќе наликуваше на сценарио на една од епизодите на Black Mirror отколку на спортски настан.

Проекциите на годинешната студија на European Club Footballing Landscape покажуваат дека изгубените приходи во финансиските години 2019/20 и 2020/21 се 7.2 милијарди евра за клубовите од највисок ранг и 1.5 милијарди евра за пониските класи. Како резултат на намалените буџети, трошоците за трансферите на европските клубови минатато лето се намалија за 39 отсто.

Саша Озмо верува дека пандемијата има огромни последици за помалите клубови.

-Она што е сигурно е дека се троши помалку. Иако гледаме дека најбогатите немаат проблем на оваа тема. Тие што немаа средства мораа да најдат начини да се подобрат, подобро да се организираат од најниска до највисока фаза преку помладите категории а сето ова ќе остане и во иднина. Некои од најбогатите и понатаму ќе бидат богати, но за оние од пониска класа останува прашањето да видиме што ќе се случи, додава Озмо при тоа истакнувајќи дека фудбалот е глобален и најпрофитабилен спорт.

На пример, Премиер лигата која со години најмногу троши,  за последниот летен преоден рок потроши 1.34 милијарди евра за играчи – што е речиси 200 милиони помалку од претходната година и 300 милиони помалку од летото пред пандемијата. Во зимскиот прозорев беа издвоени само 98 милиони евра, што е речиси за три пати помалку од зимата 2020.

Според проекциите, парите кои ги изгубија лигите во Англија поради празните трибини надминуваат над милијарда евра.

Најлошо од сите поминала Барселона, каталонски гигант кој моментално е во долгови. Минатата сезона заврши со дефицит од 451 милион евра, со што вкупниот долг на клубот се зголеми на 1,35 милијарди евра. Приходите беа 751 милиони, што е пад од 15 отсто во споредба со 2019 година. Поради ваквите финансиски проблеми на клубот си замина и нивниот најдобар играч на сите времиња, Лео Меси.

Но, токму Барселона е пример дека инвестирањето во фудбалот нема да престане. И покрај долгот од милијарда евра, Барселона ќе потроши 900 милиони евра за реконструкција на стадионот Камп Ноу чија реализација ќе се случи до крајот на 2025 година. Нивниот најголем ривал Реал Мадрид исто така должи над половина милијарда евра, но инвестира 525 милиони евра за реконструкција на стадионот Сантијаго Бернабеу.

И покрај финансиските тешкотии, Озмо смета дека се уште е рано да се зборува за значителни промени во трендовите во функционирањето и организацијата на врвните клубови.

-Моментот кога ќе се воспостави вообичаена состојба, со публика, со телевизиски преноси кои ги има од првиот ден, мислам дека ништо повеќе или помалку нема да влијае од пандемијата. А за тоа говори и големата економска криза во 2009 година, кога фудбалот застана на нозе многу брзо, вели Озмо.

Катар – прекин со традицијата

Насоката на развој на фудбалот е илустрирана со примерот на следниот домаќин на Светското Првенство кое ќе се оддржи следната година. Со доделувањето на првенството, ФИФА реши целосно да раскине со традицијата бидејќи Катар не може да се пофали со спортска култура.

Шампионатот за прв пат нема да се оддржи за време на летните месеци, поради неподносливите горештини во Катар а сето тоа предизвика и вистински хаос во календарот на натпревари во националните и европските лиги.

Дополнително, организацијата на Светското Првенство е доделено на држава во која хомофобијата и расизмот се сепристуни.

Но и покрај овој факт Катар ги  собори сите рекорди кога станува збор за инвестирање во настанот, проценува Блумберг и додава дека во инфраструктурни проекти ќе бидат вложени вкупно 300 милијарди евра, додека пак Русија за турнирот во 2018 потрошила 11 милијарди евра.

Фудбалскиот агент Пековиќ вели дека огромните пари што ги вложува Катар ќе бидат повеќекратно вратени, а земјата ќе ја има најдобрата самопромоција преку организација на првенствотот.

-Тие ќе бидат присутни во сите домови низ планетава и едноставно е незамисливо да се пресметаат добивките од рекламирањето, ТВ правата, пополнетите туристички капацитети, потршувачката на туристите итн. Сите видовме дека скоро секоја организација на големо фудбалско натпреварување носи огромни пари за ФИФА и УЕФА, но големи пари земаат и и земјите кои го организираат тоа натпреварување, додава Пековиќ.

Имено, Катар очекува заработувачка од 20 милијарди долари од настанот, што е еквивалетно на околу 11 отсо од бруто домашниот производ на земјата во 2019 година.

Тоа ќе биде и последното Светско првенство на кое ќе учествуваат 32 репрезентации – веќе од 2026 година тој број ќе скокне на 48. А дали СП ќе се оддржи и во 2028 година, односно дали најголемото фудбалско натпреварување ќе се оддржува на секои две години зависи од понатамошниот развој на глобално најпопуларниот спорт.

Црногорскиот фудбал останува на исто место – на дното

А состојбата во црногорскиот фудбал ја отсликуваат и податоците на специјализираниот сајт Трансфермарк кој покажува дека приходите од сезоната 2015/16 до 2020/21 година за продажба на играчи изнесуваат 1,73 милиони евра, а додека пак на купување играчи потрошени се 60 илјади евра.

Во последниот преоден рок, кој ја одбележа пандемијата, сообраќојот во двете правци бил нула евра.

Ако е несоодветно да се прават паралели со земјите од регионот како Хрватска и Србија, чии клубови редовно играат на европските натпреварување и кои вртат милионски суми за трансфери, тогаш поразително звучи што лигите на Босна и Македонија имаат десет пати поголем обрт на пари.

Пековиќ смета дека црногорските клубови мора да го најдат своето место на светскиот пазар, и дека е неопходно да се изгради сопствен пазар.

-Фактот што во изминативе 5 години се потрошени само 60 илјади евра на трансфери во црногорскиот фудбал покажува колку тој е развиен и колку е голема несигурноста на клубовите за развој на нашите деца и квалитетот на фудбалската професија. Сите клубови во Црна Гора трошат 12 илјади евра годишно, или 1000 евра месечно. Еден таксист троши повеќе гориво за еден месец од сите наши клубови за трансфери во Црна Гора. Ова мора драстично да се промени и клубовите да соработуваат меѓу себе за да сите заедно го создадеме нашиот пазар, вели Пековиќ.

Сепак, тој е оптимист дека има квалитетен простор за подобрување на фудбалот.

-Исто така треба да престанеме да се жалиме и да почнеме да градиме големи работи. За жал, се уште постои некоја суета и страв да се бориме за она што ни припаѓа, а пазарот едноставно ги отфрла таквите како нас, додава тој.

 

Текстот е направен преку заеднички проект кој го спроведуваат “Vijesti.me” од Црна Гора и весникот “Коха” од Македонија.