Гувернерот на Луганск: Имаме разочарувачки вести, непријателот влегува во градот

2

Руски војници влегуваат во северен Доњецк од предградијата, а во гранатирањето загинаа двајца цивили, соопшти денеска гувернерот на украинската област Луганск, Серхиј Гајдаи.

– За жал, имаме разочарувачки вести. Непријателот влегува во градот – изјави Гајдај на националната телевизија.

Тој изјави дека еден милион луѓе во оваа област останале без снабдување со вода и гас и дека нема можност за продолжување на испораките, но сепак е можно секојдневно да се доставува хуманитарна помош до Северодоњецк и Лисичанск.

Гајдај додаде дека евакуацијата на населението е во тек и дека главниот пат кон овие два града не е блокиран, туку дека е изложен на гранатирање.

Тој истакна дека Лисичанск е под украинска контрола, пренесе Дневен аваз.