Денеска нема „Монструм“ во Кривичен: Рочиштето одложено поради позитивен поротник на ковид-19

17

Денешното рочиште за предметот „Монструм” е одложено поради тоа што еден од судиите поротници е позитивен на ковид-19, информираат од Кривичниот суд Скопје.

Во предметот „Монструм” за петкратното убиство кај Смилковско Езеро што се случи на 12 април во 2012 година се обвинети Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Африм Исмаиловиќ, Алил Демири, Хаки Азири и Сами Љута. Во бегство во Косово се Африм Исмаиловиќ и Алил Демири и досега не се екстрадирани.

Петмината беа осудени на доживотен затвор, но Врховниот суд во декември во 2017 година ја укина пресудата, а случајот „Монструм” потоа го презеде Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО) и судењето почна од почеток. Го води обвинителката Фатиме Фетаи.

Во петкратното убиство кај Смилковското Езеро настрадаа четири момчиња: Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски и Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.