Дескоска: Венецијанска препорача, а партиите прифатија како да се избира претседател на Судскиот совет

8

Професорката Рената Дескоска, поранешна министерка за правда вели дека Венецијанската комисија препорачала претседателот на Судскиот совет да се избира од членовите на советот кои не се од редот на судиите, а кое било усвоено со широк консензус од политичките партии во Собранието.

Оваа реакција на Дескоска следи по пишувањата во некои медиуми дека се партизира изборот на претседателот на Судскиот совет во законското решение, скроено по предлог на поранешната министерка за правда.

„Читам денес на неколку портали се отвара темата околу законското решение за избор на претседател на Судскиот совет. Ова прашање го покренаа и некои лица кои во изминатиов период биле вклучени во градењето на концепт за раформи во правосудството, а не го прочитале мислењето на Венецијанската комисија за Законот за Судски совет од 2015 и од 2019 година. Имено во двете мислења, Венецијанската комисија препорачува претседателот на Судскиот совет да се избира од членовите на Судскиот совет кои не се избираат од редот на судиите. Оваа препорака ја аргументираат со тоа дека мнозинството членови на Судскиот совет се избираат од судиите од нивните редови. Со цел да се направи баланс, кој би спречил „корпоративизам“ во Судскиот совет, се препорача законското решение кое беше усвоено со широк консензус од политичките партии во Собранието.

Затоа зад секој „бомбастичен“ наслов и „откритие“ треба да стои познавање на прашањето за кое се пишува!“, вели Дескоска.