Деспотовски: Основна цел на „Концепт 28“ е децата да останат во државава откако ќе завршат со студии

11

„Сакам да верувам дека трката за лидер на СДСМ почнува од 0:0, право на Заев е да каже што мисли, но на крајот се надевам ќе подаде рака на победникот. Секаде има ниски удари, но научен сум со предизвици, СДСМ е голем предизвик, мојот `Концепт 28` е подготвен, 25 години сум во партијата. Размислував долго, амбицијата постоела кај мене, изборот беше да седам на страна и да си коментирам во кафеана или да се вклучам внатре и да дадам придонес. Се одлучив за второто, сметам дека е чесно да влезам. Основната цел на `Концепт 28` е сите деца во државата да останат тука откако ќе завршат со студии. Не препознавам крило, различни луѓе ми пристапуваат и ми се јавуваат, многу луѓе кои што не живеат во Скопје. Тоа се луѓе што најверојатно биле разочарани од партијата, ми велат ви честитаме за храброста“ – вели Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ во Студио 10 на ТВ24.