Османи: ДУИ нема ништо против бројот на позиции кои ги доби Алтернатива

4

ДУИ нема ништо портови големиот број на функции кои Алтернатива ги добива во рамки на договорот за формирање на ново мнозинство кој го официјализираше вчера.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска вели дека ДУИ била координирана и консултирана во текот на целиот процес и дека се што договорил Заев претходно било поминато со ДУИ.
„Премиерот Заев преговараше со Гаши во име на целата коалиција. Ние бевме целосно информирани и координирани“ – вели Османи прашан дали ДУИ се согласува со делот од власта кој и припадна на Алтернатива имајќи предвид дека во коалицијата има партии со слична политичка тежина а далеку помал број на ресори.