Детали од трансферот на Алиоски: Едногодишна позајмица од која ќе заработи 2,4 милиони евра

0

Езѓјан Алиоски денеска треба и официјално да биде нов член на Фенербахче. Треба да ги мине лекарските прегледи и да се приклучи на тимот предводен од легендарниот Жорге Жесус.

Откако вчера Фенер го официјализираше трансферот на македонскиот репрезентативец, познато се и деталите од договорот на Алиоски. Станува збор за едногодишна позајмица, од која Алиоски ќе заработи 2,4 милиони евра. Не е познато дали Фенер ќе има право на откуп по истекот на позајмицата на крајот од сезоната.

Левоногиот фудбалер има договор со Ал-Ахли до 2024 година. Тој дојде во овој тим минатата сезона. Претходно беше дел од Лидс Јунајтед и Шафхаузен.