ДЗС: Фалат 1.600 попишувачи на десетина дена пред пописот

5

Иако пописот е закажан за 1 април, во моментов Државниот завод за статистика нема обезбедно речиси една третина од потребниот број на попишувачи.

Од потребните 5.500 за пописот што треба да почна за десетина дена (1-21 април) недостигаат 1.600 попишувачи.

Од тие причини, Државниот завод за статистика денеска повторно распиша оглас за ангажирање на попишувачи.

Според огласот, најмногу попишувачи по 130 фалат во Аеродром и Кисела Вода. 127 недостигаат во Охрид а повеќе од 100 фалат во речиси сите скопски урбани општини.