Дилемите околу брзината на европското патување

31

Бегањето во странство е глобален феномен што не ги исклучува дури ни и најмоќните економии во светот, каде што, на пример, нашите лекари бегаат во Германија, а германските лекари кои се задоволни со повисоки плати да бегаат во Соединетите Aмерикански Држави. Меѓутоа, нам како општество ни останува како обврска не само да создадеме средина што барем во дел од најспособните млади да останат тука, туку и дел од стручните лица од различните дејности да размислуваат да се вратат во родно место

Од Фисник ПАШОЛИ

Северна Македонија и Албанија се во очекување лидерите на Европската унија да одлучат во петок за започнување на преговорите со двете земји. Останува да се види каква ќе биде конечната одлука на Брисел, или поточно Париз и Берлин за Северна Македонија, која по низата проблеми, болни компромиси и многу тежок и турбулентен политички период, сепак го постигна договорот од Преспа и договорот за добро соседство со Бугарија, што се очекуваше да биде зелено светло за започнување на разговорите за членство. Меѓутоа, забелешките во врска со заостанувањата во реформите, дилемите околу брзината на европското патување во регионот и се уште недоволната поддршка за овој процес, се чини дека го сомневаат се уште ЕУ која не гледа поголеми резултати на реформите во судство, администрација и така натаму.

Сега да се осврнуваме на историјата на членството во ЕУ на Романија и Бугарија, тогаш во различен политички и геополитички контекст, овие држави, всушност беа толерирани да стануваат членки на ЕУ, иако во одредени области резултатите не беа постигнати од бараните. Дури и земјите со поуспешно пристапување во ЕУ, како што е Полска од Брисел се отворија сомнежи за користење на различни европски фондови. Да не зборуваме за еден проблем, можеби најголем во поновата историја на ЕУ, оној на БРЕКЗ-ит кој носи во себе и бројни финансиски, економски проблеми и така натаму.

Но да се враќаме на нашиот случај, сепак, главната работа е дека до крајот на декември или почетокот на 2020 година, ние ќе станеме полноправна членка на Северно-атлантската алијанса, додека помалку значај им а почетокот на преговорите. Не дека тие не се значајни за мобилизирање на државата кон посериозни и фундаментални реформи, но за нас како држава и општество важно е дека без оглед на епилогот во петок, оваа извршна власт да остане на власт до крајот на 2020 година. Изгубивме доста време во изминатите 20-30 години на честите избори, скоро на секои две години во просек, што ни изгуби време и енергија да ги извршиме домашните задачи.

Значи, останува клучна цел и на позицијата и опозицијата да создадат и поддржат таков амбиент каде што главното сега ќе биде покриено под чадорот на НАТО, изнаоѓање нови пазари за производите и услугите на домашните компании кои повеќето не им гнијат јаболките или другите овошја и зеленчуци на нивите, да ја враќаме традицијата со занимавањето со земјоделство и сточарство, да го поддржуваме со „еден со“, како што велат на Косово, ма младите претприемачи да им ја отстраниме стравот дека тука несе прави бизнис, не само да се грижиме, туку и да преземеме посериозни чекори да еден дел од младите да ги задржиме тука.

Да ​​ги избираме и назначуваме најспособните кадри на високи функции, кои ќе ја зголемат ефикасноста на јавните претпријатија, кои со години се рангираат меѓу главните губитници на домашното стопанство, да му посветуваме поголемо внимание на образованието и здравството, како клучни столбови на развојот на едно општество каде, се разбира, и Косово со многубројни проблеми и со извоз од само 300 милиони евра успеа да ги зголеми платите на лекарите од 600 на 1.200 евра, додека за наставниците во основните училишта просечната плата за два месеци ќе биде 550 евра.

Да конечно, не го чуеме тој збор „ќе биде“, но се стори и се прави, создавајќи поголем надежен амбиент, не само за бизнисите за да инвестираат, туку и за младите, да не мора да земаат билет во една насока. Бегањето во странство е глобален феномен што не ги исклучува ниту најмоќните економии во светот, каде што, на пример, нашите лекари бегаат во Германија, а германските лекари привлечени од повисоки плати бегаат во Соединетите американски држави. Меѓутоа, нам како општество ни останува како обврска да не само да создадеме средина и да барем дел од најспособните млади кадри да остануваат тука, туку и дел од стручните лица од различни дејности да размислуваат за враќање дома затоа што денеска – во глобализиран свет, каде од Скопје за два часа се стигнува до сите европски метрополи, многу полесно е да се води еден бизнис, да кажеме на информатичка технологија или услуги од Македонија, каде да земеме добар пример е компанијата „Слајс“ на третата генерација на имигранти од Голем Дебар во Америка кои инвестирале кај нас. (koha.mk)