Димитров и Борисов во Давос за македонско-бугарската комисија

4

 

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, кој учествува на светскиот економски форум што се одржува во Давос, Швајцарија, имал куса средба со премиерот на Бугарија Бојко Борисов, информираат од Министерството за надворешни работи.

Од таму наведуваат дека на средбата со Борисов се разговарало за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка во контекст на градењето пријателство врз основа на заемно разбирање и почит кон грижите на соседот. Премиерот Борисов уште еднаш ја потврди поддршката на Бугарија за почеток на пристапните преговори со ЕУ, пишува во соопштението. Од кабинетот на Борисов, пак, истакнаа дека тој изразил очекување дека работата на заедничката мултидисциплинарна комисија меѓу двете држави ќе продолжи во конструктивен дух и нема да биде засегната од политичката состојба во Северна Македонија.

Инаку покрај со Борисов, Димитров во Давос имал куса средба и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на кому, како што е соопштено, му се заблагодарил лично, но и на Хрватска во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ за активната поддршка за евроинтегративниот процес на Северна Македонија.