Димитров: Не може Бугарија да добие од комплицирањето на европската иднина на Северна Македонија

24

Никола Димитров и Бујар Османи на денешната заедничка средба со новинарите на кои ја одбележаа замената на функциите во Секретаријатот за европски прашања, односно во Министерството за надворешни работи, најавија дека и покрај тоа што е ограничена физичката комуникација, со формирањето на новата Влада ќе се рестартираат сите важни процеси кои произлегуваат од договорите со Атина и Софија

– Не може Бугарија да добие од комплицирање на европската иднина на Северна Македонија. Особено кога следуваше отворањето на Европа и враќањето на агендата на нејзиното проширување. Нема да биде лесно, проблемот претставува голем предизвик., Но ќе се соочиме директно со проблемот, знаеме што е потребно за да го заштитиме националниот интерес, рече Димитров, одговарајќи на новинарско прашање дали Бугарија ќе ги блокира преговорите со ЕУ со ултиматуми за македонскиот јазик и историја.

Османи рече дека иако Бугарија имала унилатералната забелешка, тие сепак дале пас на одлуката за отпочнување преговори со ЕУ

– Двете земји имаат доволно абсорбциски капацитет за решавање на проблеми. По однос на стартешките линии, дека не смее да се закочи европскиот пат, имаме меѓусебна согласност. Ќе се интензивира комуникацијата и ќе се приближуваат ставовите. Затоа имаме договор кој дава рамка како ќе се надминат тие разлики. Имаме договор како ќе се разгледуваат историските факти и договор за каква да биде дневно-политичката комуникација, рече Османи.

Димитров додаде дека Вашингтон до сега не е покриен со амбасадорка функција поради, како што вели тој, на девет одлагања на комисијата за надворешна политика во Собраниете, што според него ваќноста на случајот е преголем за да биде кочен со дневно политиканство.