Трамп: Сојузните агенции ќе ги истражат левичарските граѓански немири

26

Американските министерства за правосудство и државна безбедност воспоставуваат заеднички оперативен центар за истрага на „левичарските граѓански немири“, најави американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп, притоа, го обвини демократскиот противкандидат Џо Бајден за пружање морална помош на насилниците, пренесува Ројтерс.

Најавувајќи „остар пристап кон криминалот“ во сузбивањето на насилствата во американските градови, зафатени од протестите поради полициската бруталност и расната нееднаквост, Трамп кажа дека повеќе од 200 луѓе се уапсени во градовите низ САД, вклучуваји 100 само во Портланд.

„Во Америка никогаш нема да се предадеме на владеењето на мафијата, мидејќи ако мафијата владее, демократијата е навистина мртва“, кажа Трамп.

Демократскиот кандидат за Белата куќа Џо Бајден го осуди вчера насилството за време на протестите против расизмот, обвинувајќи го Трамп дека го разгорува „жарот на социјалните немири“.