Димовски: Банкарот е Владата, а Јаким Неделков е Лила и ќе вика понудата важи или не важи?

8

Штрајкот не е авантура, вели првиот човек на ССМ, Дарко Димовски во Утрински Брифинг во врска со одбивањето на понудите од Владата кои ги достави до СОНК.

-Јаким Неделков вети 18,4% а по излагањето на Влада секоја негова изјава „чекаме добра понуда од Владата“, другари што правиме ние? Преговараме согласно закон и ги втуркаме луѓето во штрајк за 18,4% и чекаме од Владата? Па што е ова квизот на Лила Филиповска? Банкарот е Владата а Јаким Неделков е Лила Филиповска и ќе вика понудата важи или не важи? Дајте малку сериозно- вели Димовски.