Ди Марцио со ексклузива: Англиски премиерлигаш заинтересиран за Елмас

38

Еден од најпознатите светски новинари кои се занимаваат со трансфер случувањата ширум светот, Џанлука Ди Марцио пренесе интересна информација.

Имено, според новинарот на „Скај Италија“, нашиот репрезентативец, Елиф Елмас би можел да си оди од Наполи и кариерата да ја продолжи во Премиер лигата.

Наводно за Елмас имало сериозен интерес од тимот на Евертон, а Напли би се согласил да го продаде само во случај на нивна адреса да пристигне доста примамлива понуда.

Елмас не е во плановите на Лучијано Спалети за почетната постава за оваа сезона, па јасно е дека постои можност тој до крајот на преодниот рок да реализира трансфер.

Освен Елмас, со заминување од Наполи се поврзува и Хирвинг Лозано за кого наводно интерес имало од Манчестер Јунајтед.