Донесен ребалансот на буџетот

8

Ребалансот на буџетот, по петдневна расправа, колку што предвидува собранискиот Деловник, ја помина собраниската процедура и го отвори патот за спроведување на мерките од четвриот пакет мерки. Дел од мерките може веднаш да се реализираат, за дел ќе треба, и покрај носењето на ребалансот, да се чекаат законските решенија со кои се уредени, а кои, исто така, се во собраниска процедура. Поддршката со ребалансот тежи 470 милиони евра.

Наменета за граѓаните и стопанството со цел да се ублажи влијанието од корона-кризата. Предвидени 4,3 милијарди денари за финансиска поддршка за исплата на плата на вработени во приватниот сектор со надоместок во интервалот од 14,500 до 21,776 денари, во компании кои имаат поголем пад на приходите како последица на пандемијата