Држава која нема жени во Парламентот

27

Не е нормално да имаме толку висока стапка на насилство врз жените. Не е нормално жените да не можат да учествуваат во кој било процес на донесување одлуки, вели Јасмин Бјорнум, која работи на кампања за родова еднаквост во Вануату.

Парламентот во нејзината земја има 52 члена.

Тоа што е необично е што моментално сите се мажи – што всушност е еден од трите во светот кои имаат само машки членови во Парламентот.

– Нашите прашања и нашите приоритети воопшто не се застапени во Парламентот, вели Бјорнум.

Поради тоа таа покрена платформа на Интернет под името Систа 2016. со цел да ги информира жените.

ЗОШТО Е ТОЛКУ ТЕШКО ДА СЕ СМЕНАТ МАЖИТЕ

Жените од Вануату, кои сакаат да влезат во политиката, се соочуваат со безброј пречки поради фактот што традиционалните совети и натаму имаат голема улога, особено во селските средини кои го сочинуваат мнозинството.

Советите ги водат мажи, а тоа се тела кои препорачуваат кој да се кандидира за Парламентот.

– Во сите партии има само мажи. Тие и ги бираат кандидатите за Парламентот, вели поранешната членка на Парламентот, Хилда Лини.

Таа е прва жена од Вануату која беше избрана да биде во Парламентот во 1987 година. На тоа место беше 11 години во три различни периоди. Таа е една од петте жени која била на таква позиција.

Според неа, тоа што нема жени во Парламентот негативно влијае на донесувањето одлуки кои се важни за земјата.

– Потребни беа девет години да се донесе Законот за заштита на семејството, но сè уште не се спроведува правилно, вели таа.

Две други држави, исто така, немаат жени во Парламентот и тоа се острови во Тихиот океан, федералните држави Микронезија и Папуа Нова Гвинеја.

РАБОТА И ЕДНАКВОСТ

Но, жените од Вануату сега работат на социјална и економска родова еднаквост.

– Ги почитуваме многу строгите христијански вредности. Мажите веруваат дека тие се глава на куќата и дека жените се на второ место, вели Бјорнум.

Таа вели дека во Парламентот многу се зборува против жените.

Новинар на Би-Би-Си, кој ја посетил оваа земја, вели дека е вообичаено мажите да го преземат она што го заработува жената.

Според податоците на Светската банка од 2017 година, 60 отсто од популацијата имаат струја, а една третина од децата имаат проблем со растот поради ненахранетост.

Светската банка соопшти дека намалувањето на родовите нееднаквости е од суштинско значење за идниот развој на земјата.

НАСИЛСТВО НАД ЖЕНИТЕ

Вануату има 275.000 жители и голема стапка на насилство врз жени.

– Едно од три девојчиња доживеало некаква форма на сексуален напад пред 15 години, а 60 проценти од мажите се во затвор од истата причина и во 90 отсто од случаите жртвата го познавала сторителот, вели Бјорнум.

Според неа, 98 отсто од случаите никогаш не дошле до суд, а тие кои дошле го користат методот на „помирување“, односно кога насилникот ќе даде неколку свињи казната се намалува.

– Ако не ја поддржите родовата рамноправност, земјата никогаш нема да се промени. Традицијата во Вануату е многу силна, вели Бјорнум.

ПОЛИТИКА ЗА ИДНИНАТА

Но, ситуацијата може да се смени. Постои група постари жени која се обидува да го смени статусот на жените што го имаат во оваа земја, жените кои ја основале Демократската партија Лелеон Вануа. Партијата, предводена од Хилда Лини, се кандидираше за изборите во 2020 година и води кампања на жените да им се доделат 50 отсто од мандатите во Парламентот.

– Треба да се обидеме да го смените Уставот кој ќе овозможи и мажите и жените и инвалидите да учествуваат, вели таа.

Од партијата велат дека се надеваат дека ќе кандидираат десетина жени.

ПРАВО НА ГЛАС

Во минатото, жените гласале според инструкции на машките членови во семејството.

– Им кажавме на жените дека гласањето е тајно. И дека тоа треба да биде нивна одлука. Не мора да му кажуваат на сопругот или на кој било за кого гласале, вели Лини.

Клер Бектон, која е дел од програмата Напредување на жените на универзитетот Карлтон во Отава, Канада, вели дека кога ќе исклучите 50 отсто од населението, значи дека не можете да дадете вистински придонес за кое било прашање. Единствените три земји во светот кои имаат над 50 проценти жени во Парламентот се Руанда 61 процент, Куба 53,2 проценти и Боливија 53,1.

Главниот предизвик за Вануату ќе биде надминување на традиционалните вредности, што всушност жените ги ставаат во втор план.

НАДЕЖ ЗА ИДНИНАТА

Според набудувачите на локалните избори, на жените им е зголемен апетитот за промени во политиката и општеството, а тоа се постари жени кои работат на реформи.

– Тие се во добра положба да се занимаваат со тоа. Тие ги охрабруваат младите жени, вели Јасмин Бјорнум. Лини е убедена дека времето за промени и нејзината визија е јасна: „50 отсто во Парламентот треба да се жени. Тиа мора да учествуваат во создавање на законите во оваа земја“. (Би-Би-Си)