Дурент среде натпревар префрлен во изолација

12

Кевин Дурент бил „исфрлен“ од тимот на Бруклин Нетс, во третата четвртина на натпреварот со Торонто Репторс. Нетс, на крајот беа поразени од Репторс со 119:123.

Еден од најдобрите играчи во НБА лигата, имал „ризичен контакт со едно лице во петокот, непосредно пред натпреварот“.

Во текот на натпреварот, стручниот штаб бил известен дека Дурент мора да го напушти теренот и да се префрли во изолација.

Апсурдот започнал уште пред почетокот на натпреварот, кога на Дурент не му било дозволено да влезе во игра се до крајот на првата четвртина.

Потоа, тој добил дозвола, да игра, но во третиот период му наложиле да земине од теренот.

Дурент, против Торонто, одигра вкупно 19 минути, забележа осум поени, шест скока и пет асистенции.

Кевин Дурент во наредните неколку натпревари нема да биде во составот на Бруклин.

Најцрниот ден во историјата на Манчестер