Емили Ратајковски стана русокоса, обожавателите разочарани ФОТО

Емили Ратајковски направи голема промена во изгледот. Имено, оваа позната бринета стана русокоса, а со резултатот се пофали на својот инстаграм-профил.

108

Манекенката објави кратко видео и фотографии на кое ја прикажува нејзината нова боја на коса, а за само еден час е видеото било прегледано повеќе од милион пати.

И додека некои ја пофалија новата фризура, на други воопшто не им се допаднала промената што ја направила славната манекенка.

„Не и не“, „Врати се во својата природна боја“, „Обој ја косата кафеаво, ова не си ти“, коментирале обожавателите.

Ратајковски претходно својот нов изглед го претстави како дел од платено спонзорство со „Kérastase Blond Absolu“.