За Меси не важат правилата, втор неспортски потег на Аргентинецот поминува неказнето (ВИДЕО)

21

Судиите одново му прогледаа низ прсти на Лео Меси, напаѓачот на Барселона на синоќешниот дуел со Атлетик Билбао го нагазна Јерај Алварез и не доби ниту жолт картон.

Аргентинецот пред четири дена се спречка со Диего Карлос од Севиља и го турна противникот на земја. Судиите тогаш останаа неми, а не се огласи ниту ВАР.

Лео Меси синоќа имаше нов неспортски потег, на дуелот со Атлетик Билбао го нагазна Јарај Алварез. Двајцата тргнаа на една топка, гостинскиот дефанзивец прв стигна и расчисти, а напаѓачот на Барселона нагазна на злобот на противникот.

Судијата Хил Манзано не извади ниту жолт, а немаше реакција ниту од ВАР собата. На многумина им е нејасно како Лео Меси помина без опомена, стартот заслужува барам жолт картон, иако некој веруваат дека капитенот на „каталонците“ требал и да биде исклучен.

„Стартот е сигурно за жолт картон. Доколку Меси ја нагазнеше ногата со која Алварез интервенираше ќе беше многу поопасно и тогаш веројатно ќе беше и црвен. Не знам зошто не беше опоменат, прво туркањето против Севиља, сега ова нагазнување…“ – вели поранешниот судија Итуралде Гонзалез за АС.