Ентони Дејвис се врати во Њу Орлеанс и со рекорд ги уништи „пеликаните“ (ВИДЕО)

9

Ентони Дејвис за прв пат играше против Њу Орлеанс Пеликанс каде што помина седум години од својата кариера. Публиката го дочека со свирежи, а тој им возврати со маестрална партија.

Лејкерс со одлична игра во последната четвртина која ја добија со 35:21 дојдоа до победата од 114:110 и се зацврстија на првото место.

Ентони Дејвис постигна 41 поен, имаше и девет скока. Тој стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој постигнал 40+ поени во првиот натпревар против свој поранешен клуб.

Леброн Џејмс реализираше 29 поени, имаше и 11 асистенции. Во тимот на Њу Орлеанс, Холидеј постигна 29 поени зачинети со 12 асистенции.

Резултати:

Бостон – Бруклин 121:110
Шарлот – Детроит 102:101
Кливленд – Орландо 104:116
Индијана – Јута 121:102
Филаделфија – Сакраменто 97:91
Торонто – Њујорк 126:98
Хјустон – Мајами 117:108
Мемфис – ЛА Клиперс 119:121
Милвоки – Атланта 111:102
Сан Антонио – Минесота 101:113
Феникс – Вашингтон 132:140
Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 110:114
Портланд – Оклахома 136:119
Голден стејт – Чикаго 104:90