ЕТНОТРИУМФАЛИЗАМ – ГРОБАРОТ НА МАКЕДОНИЈА

254

На Македонија не и се пишува добро со овој етнотриумфалистички амбиент. Еден ден границите сакале или не ке мора да се отвараат. А со тоа и натпреварот на знаење, способност и компетентност ке дојде на повисоко ниво. Тогаш и македонците а и македонските Албанци ќе си го чешаат газот. Ќе ги води некој Холанѓанец. А, него да ми простите на изразот, ‘‘точно кур ќе го заболе‘‘ кој како се вика и дали е од Чаир или од Кисела Вода

Од Агим ЈОНУЗ

Македонија не си ја сакаат ниту македонците, ниту албанците. Зошто, да ја сакаат поинаку би се однесувале. Македонија онака како се поставени нештата, е само едно акционерско друштво во кое има одреден процент Каури, па Турци а ‘‘останатото е раја‘‘. Ништо не е променето во менталниот склоп на чобанското  ткиво уште од времето на Крале Марко ( кој бај д‘ веј бил Србин) и Муса Арбанаса! Сонцето исто сјае како и оној ден кога патеписецот Евлија Челебија шпартал по овој крај и запишувал што гледа. Гарантирам дека кога би се вратил, Евлија Челебија во својот записник не би сменил многу нешта. Има готов материјал. Единствено, не би морал да носи тефтер него лаптоп. Се останато е автентично ‘‘изгубено у свемиру‘‘, како би рекол народ ‘‘Господ да чува и голман да брани‘‘!

Ајде да ја ставиме ситуацијата под микроскоп и да заборавиме на етно-емоции. Да бидеме реални и кон македонците и кон албанците. За жал, тоа стана многу тешка задача, ако се земе во предвид дека државата латентно е поделена на ‘‘наши – ваши‘‘! Или си наш или си ваш, а ако ни ничиј, ‘‘ не вредиш ‘‘курцу‘‘! Не може ни Свети Петар да ме разубеди дека општеството не  е сеуште поделено по принципот ‘‘ или е турско или е каурско‘‘! Останатите етникуми од непознати причини ионака никој баш сериозно не ги зарезува. Колатерална боранија ( фигуративно, респект) за коалицирање и добивање по некоја коска од закланиот курбан наречен држава.

Географски и легалистички, Македонија никогаш не била држава. Да! Спомнувана е одсекогаш низ историјата, ама како област, исто како ‘‘Панонија‘‘, ‘‘Кавказ‘‘, Патагонија! Остај ти Аце – Маце и империја. Таа империја немала географско административни граници, а војската била толку измешана со племиња, народи и цивилизации, што ако си требал да земеш еден пресек на генетски прототип, господ знае што би излегло во просекот Пела – блиски Исток – Индија! Припадноста се однесувала на војсководецот, а не на државата Македонија. Ако лажам, нека ми пораснат ушите како на магаре! Сите други приказни с еполитички и популистички маркетинг.

Откако партизаните одлучиле Македонија да постои како државен ( конфедеративен) апарат, нештата почнале да се раздвижуваат за да можеме да кажеме дека Македонија има некакво оштествено дефинирање. Иако, во таа федерација, Белград одсекогаш бил семафорот како Македонија ке се движи, сепак се појавила структура која можела да се каже дека е ‘‘ македонска‘‘. Во тоа време, поимот Братство – Единство бил колку парола која била носечка, толку била и облигаторна. Да се дискриминира на етничка основа било тешко кривично дело против системот и државата. Моделот на еден за сите, а сите за еден, создаде премногу мешани бракови, миграции на ниво на Балканските републики од бившата СФРЈ, а истовремено создаде амбиент на ‘‘југословенство‘‘ кое беше светост, на чело со Комунистичката партија. Арно ама, трулоста на балканското генетско ткиво заедно со културолошките и религиозни антагонизми одсегогаш скриено негувало зло,  кое како и да е на крајот резултураше со распад на СФРЈ и крвопролевање кое не е видено од втората светска војна наваму. Таа војна беше класичен и неповторлив историски доказ дека на овие простори на Балканот е многу тешко да се постигне кохерентност и дологотраен мир. Нејсе, најголемата крв се пролеа меѓу етноси кои се нај слични, а најспротивставени.

Македонија по втор пат после АВНОЈ  испадна ‘‘ќарлија‘‘ со тоа што успеа да се задржи самата себе си без ниту еден испукан куршум и да се осамостои. Арно ама, ебати к‘сметот, заедно со внатрешните автохтони Албанци и со една огромна маса на различни етноси и мешани бракови. Сепак, еве за поедноставна анализа, ке ја поделиме Македонија како да постојат само Македонци и Албанци. Два мали, искомплексирано народи кои со векови стремеле да бидат ‘‘некој и нешто‘‘ на локалната географската карта. Кога зборувам за ‘‘македонско секојдневие‘‘ подразбирам за секојдневието во Р. Македонија. Зошто тоа е секако, ама не е само македонско. Не е само македонско затоа што немаме изградено нација, во која сите би биле Македонци, ама од различно потекло. Македонските Албанци никогаш нема да признаат дека во матичната земја Албанија тој проблем е просто решен. Сите се Албанци. Еди Рама не е Албанец како Албанец. ‘‘ Ама е Албанец‘‘ ! Тоа, градењето нација нема никогаш да се случи. Од многу причини. Нај едноставната а можеби и главната е тоа што ниту еден народ внатре сам себе си не се сака, па зарем  ќе го сака другиот, за да најде заеднички именител. Ма дај !

Албанците и македонците се сакаат како Том и Џери. Поделени по сите можни елементи, глумат лудило дека прават се за добро на државата. Државата нема ни вера ни бутур. Има само име. Тоа е општествен административен апарат. Во неа живеат сите оние ( башка други) што се родени на овој простор и кои ја сметаат оваа земја како татковина. Дека овие два народа се сакаат тоа се приказни за мали деца. Тие се само помирени со судбината дека овој простор е заеднички. Ништо друго. ОК. Како заеднички простор кој Бог/ Аллах им го доделил, секодневието е адаптирано на ниво на кое секој мора да е задоволен. И едните и другите се ‘‘свои на своето‘‘, ама останува вечната битка за пиететот ‘‘кој е газда‘‘. Македонците не може да тврдат дека се газди стопроцентно, ако се земе во предвид Западна Македонија. Албанците не можат затоа што процентуаално статистички се во помал број. Арно ама, и тука има проблем, затоа што остатокот на бројката не е чист македонски. И, кога ке видиш, во земја во која македонците велат ‘‘ ова е Македонија, ние сме газди‘‘, тука имаме сериозен проблем. Чиј газди сте!? Има милион и едно прашање кое бара одговор. Едно од прашањата е ‘‘да, македонците се носители на државноста, ама не се единствени, вели заедно со,….‘‘. И тука имаме општествена слика онаква каква што е! Чиста бурлеска!

Да му се вратиме на насловот на колумната. Етнотриумфализам. Во многу сфери на живеењето во Македонија често пати е побитно прашањето дали прв човек е Албанец или Македонец, отколку дали тоа што треба да функционира има квалитет. Етноцентризмот маме му расплака на државниот апарат. Системот на вредности во сите сфери се подели на ‘‘под системи‘‘ на вредност ако се водиме по паролата дека мора да се исполнат некакви етнички квоти. Да, некој ке рече ‘‘Рамковниот договор‘‘ и така натаму, но тој договор само дефинира како стојат работите, а не како договор да мора да се руши систем на вредности. Рамковниот договор само ги бетонира уставно гарантираните права што албанците како автохтон народ им следуваат на албанците. Тој не е донесен и потпишан за да се руши државата. Државата ја руши нешто сосема друго. Државата ја поткопува и подјадува етнотриумфализмот. Национализмот постоел и ке постои. Не е тој во прашање. Прашањето е до кога ке биде битно кој поединец ке биде на кое место. Дали ‚‚турчин или каурин‘‘ ! На државата под итно  и е потребно работење на изградба на таканаречениот ‘‘конститутивен патриотизам‘‘. Државата да биде – пред се! Како што стојат работите да простите државата ‘‘ ма кој ја ебе, бе ‘‘ !!!

И македонците и албанците се искомплексирани народи во рамките на Македонија. Секој со своја причина. Народната поговорка вели дека ‘‘ секој човек плаче над својот гроб‘‘, но тоа не значи дека од државата треба да направиме гробишта. Да не постоеше етнотриумфализмот, до сега Македонија ги имаше сите услови да биде Швајцарија на Балканот. Арно ама на примитивци не им треба Швајцарија дома. Ним им треба Швајцарија таму каде што си е! Да беше тука Швајцарија, немаше каде да се бега от тука. Зошто ‘‘тука‘‘ – никој не го сака!

На Македонија не и се пишува добро со овој етнотриумфалистички амбиент. Еден ден границите сакале или не ке мора да се отвараат. А со тоа и натпреварот на знаење, способност и компетентност ке дојде на повисоко ниво. Тогаш и македонците а и македонските Албанци ќе си го чешаат газот. Ќе ги води некој Холанѓанец. А, него да ми простите на изразот, ‘‘точно кур ќе го заболе‘‘ кој како се вика и дали е од Чаир или од Кисела Вода. Ќе го интересира функционалност, профит и прогрес. А ние, во својата мизерија ќе си останеме пред самопослуга најобични ‘‘Крале Марко и Муса Арбанаса‘‘. Стока сме си биле, стока сме,.. а што е најстрашшно стока и ќе си останеме! Такви сме во генот ! Поднебјето е такво, иста вода пиеме, исто воздух дишеме.

ООО ЏЕМААТ,…  Хајт, гит дома! Човек може да ти земе на сила, ама да ти даде не може! Поготово памет ! Од Аллах толку ти е!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)